Која е швеѓанката Лорин која се израмни со Џони Логан откако вторпат победи на Евровизија

Која е швеѓанката Лорин која се израмни со Џони Логан откако вторпат победи на Евровизија

пред 12 месеци

Шведската претставничка Лорин победи по втор пат на Евровизија. Нејзината песна „Тетоважа“ ја разбуди цела Европа, исто како и песната „Еуфорија“ во 2012 година во Баку. Лорин по втор пат ја освои Евровизија, откако тоа претходно му успеа само на Џони Логан за Ирска во 1980 и 1987 година.

Лорин е Швеѓанка која има 39 години, а нејзиното вистинско име е Лорине Зинеб Нора Талхауи.

Лорин е родена во Стокхолм, Шведска, во 1983 година од родители имигранти од Мароко, а израсната е во либерално муслиманско семејство.

Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, таа беше во врска со победникот на „Идол 2004“, Даниел Линдстром помеѓу 2004 и 2006 година. На почетокот на 2017 година, Лорин се изјасни како бисексуалка. Таа не е мажена и нема деца.

Лорин е ѕвезда на шведската музичка сцена откако се најде во центарот на вниманието во 2004 година, кога заврши на четвртото место во шведската верзија на шоуто за таленти Идол.

Следната година, таа ја издаде својата прва песна  “The Snake” со бендот Роб’н’Раз и стана телевизиска водителка на ТВ400. Потоа работеше како продуцентка и режисерка на неколку шведски реални ТВ-шоуа.

Нејзината голема победа дојде на Евровизија 2012. Во првото полуфинале на Мелодифестивален, Лорин отиде директно во финалето и ја претставуваше Шведска во Баку со песната „Еуфорија“. Песната победи на натпреварот со вкупно 372 поени од 40 земји.

Оваа година таа повторно се пријави и победи со песната „Тетоважа“, која по победата на Мелодифестивален се издигна на врвот на шведските топ листи. Оттогаш, Лорин влезе на топ листите на вкупно 14 земји, вклучувајќи ги Белгија, Исланд, Холандија, Грција и Швајцарија.

Покрај музиката и телевизијата, Лорин се занимава и со активизам. За време на Евровизија 2012 таа беше единствената учесничка која се сретна со активисти за човекови права, додека во 2014 година ја доби Светската детска награда за борба за правата на децата.

По настапот во Витебск, Белорусија во 2012 година, Лорин се сретна со сопругата на политичкиот затвореник Алеш Бјаљацки, Наталија Пинчук, заменик-претседателот на Вијасна, Валентин Стефановиќ и независни белоруски новинари. При тоа, изрази поддршка за Алес Бјалијацки и другите белоруски политички затвореници и успешно покрена петиција за забрана на смртната казна во Белорусија.

Во август 2013 година беше амбасадорка на шведскиот комитет за Авганистан, па заедно со Карл Билт, шведскиот министер за надворешни работи, ги посети Кабул во Авганистан и селото Јаскин Бала во долината Варшај.

Во мај 2015 година, Лорин беше домаќинка на Виенскиот бал, најголемиот хуманитарен настан во Европа за поддршка на луѓето со ХИВ и СИДА. Таа, исто така, го поддржува WCP – најголемите светски образовни програми за деца и борба за правата на децата. Во март 2022 година, Лорин настапи на тн. Sverige samlas och hielver, гала вечера организирана за собирање средства за поддршка на Украина по руската инвазија.

 

Share
Scroll to Top