Коњановски: Започна асфалтирањето на „СРУ 5“ во Битола: нова улица што ги поврзува „Партизанска“ и „Крушевска република“

Коњановски: Започна асфалтирањето на „СРУ 5“ во Битола: нова улица што ги поврзува „Партизанска“ и „Крушевска република“

пред 2 часа

Во Битола започна асфалтирањето на новата улица „СРУ 5“, важна сообраќајница во просторот на поранешната касарна, која ќе придонесе за подобра поврзаност и функционалност на овој дел од градот.
Улицата ги поврзува улиците „Партизанска“ и „Крушевска Република“, со што се очекува да го олесни движењето и да го подобри сообраќајниот проток во околината.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека за локалната самоуправа ваквите проекти се дел од редовните активности, а не само свечени настани.
„За некои ова ќе изгледа како свечен чин, а за нас е секојдневна работа, бидејќи уличната и патната инфраструктура се наш приоритет“, изјави Коњановски.

Пред почетокот на асфалтирањето, беа изградени тротоари од двете страни на улицата со ширина од по 2,5 метри, како и поставени коловозни рабници. По завршувањето на асфалтирањето, ќе следува изградба на велосипедска патека, како и хортикултурно уредување на просторот.
Улицата располага со целосна комунална инфраструктура, вклучувајќи атмосферска и фекална канализација, водоводна мрежа, како и ново улично осветлување.

Вкупната инвестиција за реализација на проектот изнесува над 9 милиони денари.
Од општината најавуваат дека со ова не завршуваат активностите, туку продолжуваат со нови проекти насочени кон подобрување на патната инфраструктура и условите за движење на граѓаните.

Share
Scroll to Top