Коњановски на изложбата „Која е супердевојката?“: Да ги видиме и слушнеме приказните на девојките и жените

Коњановски на изложбата „Која е супердевојката?“: Да ги видиме и слушнеме приказните на девојките и жените

пред 48 минути

Во битолската „Магаза“ денеска беше отворена самостојната изложба на Вероника Кочов, насловена „Која е супердевојката?“. На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со секретарот на општината Борче Димитровски.

Коњановски истакна дека изложбата отвора важни прашања за тоа кој ги гледа, слуша и препознава девојките и жените, нивната сила, желби и свет.

„Имавме можност преку уметноста да видиме како една девојка ни покажува како го гледа светот, а ние сме тука да застанеме, да погледнеме и да ја слушнеме нејзината приказна“, порача Коњановски.

Изложбата ја организираат Здружението „Порака Нова“, во соработка со НУ Завод и Музеј – Битола, со цел преку уметноста да се создаде простор за приказните на оние чии гласови и искуства често остануваат невидливи.

„Која е супердевојката?“ отвора простор за размислување за видливоста, индивидуалноста и начинот на кој различните светови и перспективи можат да бидат претставени преку уметноста.

Share
Scroll to Top