Коњановски: Општина Битола ја засилува поддршката за лицата со аутистичен спектар – бесплатен паркинг и рехабилитациски третмани

Коњановски: Општина Битола ја засилува поддршката за лицата со аутистичен спектар – бесплатен паркинг и рехабилитациски третмани

пред 9 часа

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со претставници на Здружението на деца и млади со посебни потреби и нивните родители „Невроразлични“-Битола и Здружението на психолози за стручна и морална поддршка на деца и возрасни „Рилука“-Битола.

На средбата, претставниците на здруженијата изразија благодарност за донесената одлука за бесплатно паркирање на јавните паркиралишта за лица со аутистичен спектар, како и за обезбедените бесплатни рехабилитациски третмани за деца со попреченост.

На состанокот присуствуваа и директорот на ЈП „Паркинзи“ и советници од Советот на Општина Битола, кој едногласно ја усвои иницијативата.

Со новата одлука, родителите и старателите на деца и лица со аутистичен спектар ќе можат преку ЈП „Паркинзи“, со приложување на потребната документација, да го остварат правото на бесплатно паркирање.

„Ова е уште еден чекор во насока на создавање подобри услови и обезбедување поддршка за лицата со аутистичен спектар и нивните семејства“, истакна Коњановски.

Од Општина Битола посочуваат дека продолжуваат со реализација на мерки и активности насочени кон унапредување на социјалните права и услуги, со цел поголема грижа и поддршка за граѓаните од ранливите категории.

Share
Scroll to Top