Коњановски: „Петар Милошевски“ блеска – Битола доби стадион достоен за Европа

Коњановски: „Петар Милошевски“ блеска – Битола доби стадион достоен за Европа

пред 2 часа

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, изрази задоволство што стадионот „Петар Милошевски“ денес се вбројува меѓу најубавите стадиони не само во Македонија, туку и на Балканот.

„Убаво е да се прочита дека нашиот стадион добива вакви признанија и надвор од државата. Особено радува што убавите приказни за Битола допираат далеку“, истакна Коњановски.

Ваквите оценки доаѓаат од босанскиот портал „Спортспорт“, кој во својата анализа наведува дека стадионот минал низ повеќегодишен процес на реновирање, при што централната трибина е изградена според сите УЕФА стандарди. Стадионот е дом на фудбалскиот клуб ФК Пелистер.

Според објавата, централната трибина располага со капацитет од околу 4.500 седишта, додека јужната трибина собира околу 4.000 гледачи. Двете трибини се опремени со нови столчиња, клупи за тимовите, ВИП ложи и медиумски простории. Во рамки на реконструкцијата поставени се и нови рефлектори, модерен семафор, како и соблекувални изградени по стандардите на ФИФА.

Порталот се осврнува и на историјата на стадионот, кој е изграден во 1937 година како Градски стадион во Битола. Првото поголемо реновирање било реализирано во 1980 година, додека од 2015 година започна целосната реконструкција што резултираше со современ изглед на објектот.

Рекордната посетеност е забележана во март 1991 година, кога натпреварот помеѓу Пелистер и Хајдук го следеле околу 9.700 гледачи.

Share
Scroll to Top