Коњановски: Стефанија освои два медали во Италија и донесе нова гордост за Битола

Коњановски: Стефанија освои два медали во Италија и донесе нова гордост за Битола

пред 9 часа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средба со битолчанката Стефанија Димовска, ученичка во втора година во гимназијата „Јосип Броз Тито“, која од меѓународната олимпијада „IESO 2026“ во Торино, Италија, се врати со два медали.

Димовска, која претходно беше и државен шампион по географија, на олимпијадата настапила како дел од тимот на Македонија.

На натпреварувањето таа освоила бронзен медал заедно со меѓународен тим во дисциплина поврзана со топењето на глечерите, како и златен медал со друг меѓународен тим за теренско геолошко истражување.

Коњановски истакна дека за него било особено задоволство да го сподели успехот со младата битолчанка и да ѝ честита за постигнатите резултати.

Тој ѝ посакал уште многу успеси, како на домашните, така и на меѓународните натпреварувања.

На средбата, Димовска го информирала и дека македонскиот тим, составен од ученици и ментори, имал прием во кабинетот на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.

Share
Scroll to Top