Крадци провалиле во домот на Дејвид и Викторија Бекам во Лондон

Крадци провалиле во домот на Дејвид и Викторија Бекам во Лондон

пред 3 години

Крадци провалиле во луксузниот дом на Дејвид и Викторија Бекам во западен Лондон. Британските медиуми објавија дека биле украдени работи кои вределе и повеќе од 1000 фунти.

Крадците провалиле во куќата на Бекам во Кенсингтон на 28 февруари вечерта, додека тие биле со нивната 10 годишна ќерка. Според британски „Сан“, провалата не била откриена сè додека синот Круз не се вратил дома и не го видел прозорот скршен, а спалната соба испразнета.

Порпаролот на полицијата во Лондон потврди за медиумите дека полицајците на 1 март околу полноќ одговориле на дојавата за провала во домот на Бекамови. Тој додаде дека било пријавено дека биле украдени вредени предмети. Засега истрагата е во тек и нема осомничени.

Според „Сан“ биле украдени биле илјадници фунти вредни дизајнерски и електрични предмети.

Share
Scroll to Top