Кралицата Елизабета Втора го одбележа денот кога нејзиниот сопруг, принцот Филип требаше да наполни 100 години, така што засади нов вид ружа, именувана Војводата од Единбург во негова чест.
Ружата беше засадена во градината на замокот Виндзор.Таа има розово-бела боја, а беше создадена по смртта на Филип на 9 април.
Филип и Елизабета беа во брак повеќе од 73 години, со што се најдолговечната двојка во историјата на британското кралско семејство. Тој го посвети својот живот на кралската служба, при што ја придружуваше кралицата при посетата на околу 140 држави и одработи десетици илјади ангажмани. Почина на 99 години.