Кралицата Елизабета ги исфрлила фотографиите од Хари и Меган од нејзината канцеларија во палатата. Тоа го забележаа сите кога им ги честиташе божиќните празници. Елизабета беше опкружена со фотографии од нејзините најблиски, но, меѓу нив ги немаше оние на Хари и Меган.
Во јавноста се шпекулира дека кралицата лично барала лично да се тргнат фотографиите, бидејќи и е доста од нивното однесување и контрадикторните изјави кои ги давале во јавноста.
Оваа година беше повеќе од турбулентна за кралското семејство, поради интервјуто со Хари и Меган кај Опра Винфри, во кое тие открија некои компромитирачки информации поврзани со кралското семејство.
Многумина коментираа и дека фотографијата со Вилијам и Кејт со децата е најголема, и дека таа најмногу се гордее со нив.