Кралицата Елизабета му ги одзеде сите воени и кралски титули на принцот Ендру по тужбата за злоставување малолетничка

Кралицата Елизабета му ги одзеде сите воени и кралски титули на принцот Ендру по тужбата за злоставување малолетничка

пред 2 години

Британската кралица Елизабета му ги одзеде сите кралски и воени титули на принцот Ендру, поради тужбата што против него ја поднесе Вирџинија Џуфри, која тврди дека тој ја злоставувал кога била малолетна. Војводата од Јорк веќе нема да може да ја користи ни титулата кралско височество.

Бакингемската палата испрати соопштение во кое се вели дека со одобрение и согласност на кралицата, воената припадност и кралското покровителство на војводата од Јорк ѝ се вратени на кралицата. Тие ќе бидат распределени на други членови на семејството.

„Војводата од Јорк во иднина веќе нема да презема никакви јавни должности и во судскиот случај ќе се брани како приватен граѓанин“, стои во соопштението. Со ова семејството се дистанцира од принцот Ендру.

Американскиот суд ја отфрли жалбата на принцот Ендру и против него сè уште е активно обвинението за сексуална злоупотреба на малолетничка и педофилија. Него го тужеше од Вирџинија Џуфри, која тврди дека принцот сексуално ја злоставувал кога имала 17 години.

Си-ен-ен пренесе дека Џуфри во тужбата навела дека покојниот милионер Џефри Епстајн ја принудувал на секс со неговите пријатели, меѓу кои бил и принцот. Таа тврди дека Ендру ја злоставувал три пати и тоа во Лондон во куќата на Гилејн Максвел, соработничка на Епстајн, а и во куќата на Епстајн на Менхетен и на неговиот приватен остров на Американските Девствени Острови. Таа додава дека принцот Ендру бил свесен дека таа во тоа време била малолетна.

Окружниот судија од Њујорк, Луис А. Каплан, изјави дека адвокатите на принцот не успеале да ја оспорат уставноста на тужбата што Вирџинија Џуфри ја поднесе во август. Неговите адвокати тврдеа дека нејзината тужба не е јасно составена и дека треба да биде невалидна поради договорот со адвокатите на Џефри Епстајн од 2009 година.

Тие тврдеа дека тужбата на Џуфри ги прекршила условите на спогодбата во која Епстајн ѝ исплатил 500.000 долари за да се откаже од случајот против него и другите инволвирани лица. Но, во спогодбата не го споменува експлицитно името на принцот.

„Тужбата на Џуфри не е неразбирлива, нејасна или двосмислена. Таа наведува дискретни инциденти на сексуална злоупотреба во одредени околности на три препознатливи локации. Исто така, наведува кој точно учествувал во сексуалната злоупотреба“, напиша судијата Луис во пресудата.

За потсетување, Ендру е помалиот син на Елизабета и Филип, кои ги имаат и синот Чарлс и ќерката Ен.

Share
Scroll to Top