Кралицата Елизабета се повлекува, принцот Чарлс за шест месеци ќе стане крал

Кралицата Елизабета се повлекува, принцот Чарлс за шест месеци ќе стане крал

пред 3 години

Кралскиот биограф Роберт Џобсон тврди дека кралицата Елизабета ќе се повлече од престолот на следниот нејзин роденден во април по што принцот Чарлс, конечно, ќе стане крал.

„Верувам дека кога кралицата ќе наполни 95 години, ќе се повлече“, вели тој.

Елизабета седна на престолот на 27 години по смртта на татко ѝ Џорџ Шести во 1952 година. Во април в година таа ќе наполни 95 години, а Чарлс 72 години.

Репортерот на „Њузвик“, Џек Ројсон, исто така смета дека во Обединетото Кралство следува период на промени.

„Мислам дека кралицата нема да сака да го отстапи тронот, но сепак ќе дојде момент кога сè ќе му даде на Чарлс. На крајот на краиштата, како ќе може да му погледне на синот во очи и да му каже дека никогаш нема да биде крал?!“, вели тој.

Иако шпекулациите во британските, но и во светските медиуми, стануваат сè погласни, нема никаков коментар од кралското семејство.

Претходно се зборуваше и дека Чарлс ќе биде прескокнат поради возраста, а дека Вилијам ќе биде следниот крал.

Share
Scroll to Top