Кралицата Елизабета се појави на балконот на Бакингемската палата на крај од прославата за нејзиниот 70 годишен јубилеј

Кралицата Елизабета се појави на балконот на Бакингемската палата на крај од прославата за нејзиниот 70 годишен јубилеј

пред 2 години

Британската кралица Елизабета  се појави на балконот на Бакингемската палата на крај од прославата на нејзиниот платинест јубилеј, 70 години владеење на тронот. Таа се насмевнуваше и мавташе додека стоеше покрај принцот Чарлс, Камила и Вилијам и Кејт кои беа со нивните деца. Имаше голем  аплауз од толпата која беше изненадена но и воодушевена што ја виде кралиицата . Таа по кусо време се врати во палатата.  На крајот на прославата кралицата упати порака со која кажа колку е благодарна.

dobivaj vesti na viber

„Понизна сум и длабоко трогната што толку многу луѓе излегоа на улиците за да го прослават мојот платинест јубилеј. Иако можеби не присуствував лично на секој настан, моето срце беше со сите ва. Јас останувам посветена да ви служам најдобро што можам. Се надевам дека ова обновено чувство на заедништво ќе се чувствува уште многу години. Најискрено ви благодарам за вашите добри желби и за уделот што сите го дадовте во овие среќни прослави“.

96-годишната кралица вчера и завчера не можеше да присуствува на настаните за прославата на историскиот јубилеј. Таа  последниве месеци има проблеми со движењето. Се појави во јавноста само двапати за време на четиридневните празнични прослави за викендот. Официјалните лица рекоа дека таа доживеала „непријатност“ за време на тие настани во четвртокот иако беше видена како ги гледа војниците од балконот на Бакингемската палата. Таа изненади и претходно кога се појави во скеч со мечето Падингтон, во кое открива дека во чантата секојпат си носи сендвич со мармалад.

Пред палатата со часови минуваше огромна поворка  долга 3 километри  во која учествуваат познати личности од секоја деценија од владеењето на кралицата . Поворката се движеше низ Лондон Мол и покрај палатата, а во финалето на парадата Ед Ширан ја испеа химната.

Преку 85.000 луѓе беа домаќини на големи јубилејни ручеци, а принцот Чарлс и Камила се придружија на гозбата на теренот за крикет Овал во јужен Лондон.

Кралицата Елизабета е монарх со најдолго владеење на монархот во Обединетото Кралство. Таа е на тронот 70 години од 1952, што ѝ овозможува на Британија за првпат да прослави кралски платинест јубилеј.

Фото: АП

Share
Scroll to Top