Кралицата Елизабета со нов портерт без круна го прославува платинестиот јубилеј

Кралицата Елизабета со нов портерт без круна го прославува платинестиот јубилеј

пред 2 години

Кралицата Елизабета го прославува својот платинест јубилеј со нов портрет. Специјално нарачаната фотографија на кралицата го означува почетокот на прославата на платинестиот јубилеј, што започнува со Trooping the Color.

dobivaj vesti na viber

Портретот, кој го фотографирал Раналд Мекечни, е направен во предворјето на Викторија во замокот Виндзор на 25 мај. Во позадина се снимени тркалезната кула на замокот и статуата на кралот Чарлс II, која стои во четириаголникот на замокот.

Кралицата на овој портрет е облечена во бледо сино палто и со бисери. Нејзиниот веренички прстен од принцот Филип е исто така во фокусот.

За портретот кој одбележува 70 години на тронот, кралицата, се одлучи за поинаков изглед.

Од 2 до 5 јуни, јубилејот на кралицата ќе се одбележи со паради, концерт во палатата и други прослави во чест на нејзиното историско владеење. Кралицата Елизабета, која стана монарх во 1952 година, ја надмина кралицата Викторија за да ја преземе титулата најдолго владеење на Обединетото Кралство и првиот монарх на Велика Британија што прославил платинест јубилеј.

Share
Scroll to Top