Кралицата Елизабета стана монарх со втор најдолг стаж во историјата

Кралицата Елизабета стана монарх со втор најдолг стаж во историјата

пред 2 години

Кралицата Елизабета Втора стана вториот најдолговечен монарх во историјата. Таа е на британскиот престол 70 години и 128 дена, со што го надмина тајландскиот крал Бумибол Адулјадеџ, кој почина во 2016 година. Подолго од Елизабета владеел само Луј Четиринаесетти, кој станал крал на Франција на четиригодишна возраст и владеел 72 години и 110 дена, од 1643 до 1715. Сепак, тој самостојно почнал да владее дури откако наполнил 20 години.

dobivaj vesti na viber

Минатата недела, Велика Британија четири дена го одбележуваше платинестиот јубилеј на кралицата, односно 70 години на престолот. Таа дојде на тронот на 25 години, по смртта на татко ѝ на 6 февруари 1952. Во септември 2015 стана британски монарх со најдолг стаж во историјата, надминувајќи ја својата прапрабаба, кралицата Викторија.

Share
Scroll to Top