Кралицата молчи за абортусот на Меган Маркл

Кралицата молчи за абортусот на Меган Маркл

пред 3 години

Кралицата Елизабета Втора досега не се огалси во јавноста за абортусот на Меган Маркл. Покрај кралицата, речиси никој од кралското семејство не сакаа јавно да изразат жалење за тоа низ кое поминала сопругата на принцот Хари.

Од кабинетот на Бакингемската палата, одговорија дека кралицата нема намера да се произнесе и да даде жалење или мислење, затоа што тоа било приватна работа на Меган.

Меган пред два дена ја сподели со јавноста нејзината приказна за трагичното губење на второто дете во јули годинава. Бројни познати лица, преку социјалните медиуми го изразија жалењето за војвотката и војводата од Сасекс, меѓу кои и вујкото на Хари, Чарлс Спенсер, братот на трагично загинатата принцеза Дајана.

Но, реакцијата на останатите членови на кралското семејство, меѓу кои и на самата кралица Елизабета Втора, изостанаа. Од палатата истакнаа дека за оваа тажна вест знаеле со месеци, но кога станува збор за коментарите, тие не сакале да обелоденат во јавноста.

Портпароот на принцот Чарлс и од кабинетот на принцот Вилијам, изјавиле дека семејството нема намера да коментира приватни прашања. Британските медиуми пишуваат дека ова претставува ладен однос на кралското семејство, особено кога станува збор за блиски членови како Меган и Хари.

Извор близок до кралското семејство, открива дека кралското семејство немале никаков проблем  Хари и Меган да откријат за авортусот во јавноста.

 

Share
Scroll to Top