Кралицата оставила тајно писмо кое ќе се отвори дури по 63 години

Кралицата оставила тајно писмо кое ќе се отвори дури по 63 години

пред 2 години

Кралицата Елизабета Втора оставила тајно писмо кое ќе може да се отвори дури по 63 години. Писмото го напишала за време на посетата на Австралија во 1986 година.

dobivaj vesti na viber

Писмото до денес е тајно запечатено и се чува во трезорот во Зградата на кралицата Викторија, бабата на Елизабета, која била изградена по повод нејзиниот дијамантски јубилеј 60 години од владеењето во 1898 година.

Таму стои веќе 36 години, а наводно ни кралскиот персонал не знае што има во него. Адресирано е до градоначалникот на Сиднеј и видлив е само делот со инструкции за отворање и читање.

Поздрав. Во соодветен ден по ваш избор, во годината Господова 2085 година, ве замолувам да го отворите овој плик и да им ја пренесете на граѓаните на Сиднеј мојата порака“, стои на ковертот на писмото.

За потсетување, кралицата Елизабета Втора ја посети Австралија 16 пати, прв пат во 1954 година. Во 1999 година, Австралијците гласаа на референдум за тоа дали сакаат да станат република, но 54 отсто од гласачите одлучија да останат уставна монархија.

Share
Scroll to Top