Кралот Чарлс повторно го погодија со јајце

Кралот Чарлс повторно го погодија со јајце

пред 2 години

Кралот Чарлс Трети повторно се најде во незгодна ситуација откако беше погоден со јајце. Британскиот крал го погодија за време на неговата прошетка во трговскиот центар во Лутон. Од полицијата во Бедфордсшир рекоа дека го фатиле сторителот. Станува збор за маж во дваесетите години. Сега го држат за испитување.

dobivaj vesti na viber

По инцидентот неговите телохранители одма го тргнаа од гужвата. Чарлс потоа продолжил со програмата и се ракувал со оние кои дојдоа да го видат. Ова не е првпат Чарлс да биде погоден со јајце. Неодамна за време на прошетката низ Јорк, му фрлија неколку јајца, но ниту едно не го погоди, ни него ни сопругата.

Двајцата се однесуваа како ништо да се нема случено и продолжија со програмата. Сторителите беа фатени и изнесени од публиката.