Кралска тоалетна хартија, кечап, восочна и чоколадна фигура со ликот на Чарлс се работи на кои ќе заработуваат Британците за денот на крунисувањето

Кралска тоалетна хартија, кечап, восочна и чоколадна фигура со ликот на Чарлс се работи на кои ќе заработуваат Британците за денот на крунисувањето

пред 2 години

Жителите на Велика Британија со нетрпение и возбуда се подготвуваат за големиот ден, крунисувањето на Чарлс Трети што ќе се одржи во Лондон на 6 мај. Многумина ова го гледаат како можност да заработат пари, а некои компании и поединци воведоа различни промени во начинот на водење бизнис.

Хеклани фигурини на тема крунисување
Плетените волнени греачи за поштенско сандаче почнаа повторно да се појавуваат низ земјата. Врвот на кутијата е украсен со хеклани фигури на тема крунисување. Untangled Haydock, група која ја промовира добротворното социјално хеклање, украси неколку црвени сандачиња со нивните рачни дела кои претставуваат сцени од животот на кралското семејство.

Лего коцки
Леголанд Виндзор создаде минијатурна сцена на крунисување со фигури на кралот и кралицата во Бакингемската палата, копија на златната кралска кочија и неделниот концерт за крунисување.

„Ни требаа вкупно околу 32.000 лего коцки“, рекла Пола Лејтон, одговорна за инсталации. И продавницата за играчки во центарот на Лондон Hamley’s создаде реплика на Чарлс од популарните пластични блокови.

Восочни фигури на членови на кралското семејство
Музејот на восочни фигури Мадам Тисо повторно изложи кукли на кои се претставени кралицата Камила, кралот Чарлс, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, принцот Хари, кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Восочните фигури биле отстранети во октомври 2022 година, откако демонстрантите за климатските промени го намачкаа Чарлс со веганска чоколадна торта прелиена со пена за бричење.

Чоколадо Чарлс Трети
Брендот Candy Celebrations создаде биста на Чарлс во природна големина за Mars-Wrigley UK. Направена е од повеќе од 17 литри стопена чоколада и речиси 2900 минијатурни чоколади.

„Сличноста е неверојатна“, рекла водителката на Celebrations, Емили Овен, откривајќи дека бистата тежи повеќе од 23 килограми.

Кечапот „Хајнц“ стана Кингчап
„Хајнц“ го ребрендираше својот познат кечап и лансираше ограничена серија наречена Kingchup (Roichup). На етикетата има круна и знамиња. Минатата година, по повод платинестиот јубилеј на Елизабета Втора, која ги прослави нејзините 70 години од владеењето, HP Sauce лансираше прелив за салата наречен Салад квин.

Убер кочија
Uber им нуди на своите корисници возење со кочија низ парк во јужен Лондон од 3 до 5 мај, така што обожавателите на кралското семејство можат да го обиколат тој дел од градот на рута слична на онаа по која кралот ќе оди на денот на крунисувањето. Возењето треба да биде резервирано, а добивката компанијата ќе ја донира на здруженијата за заштита на животните.

Метро – лого со круна
Лондонскиот метро оператор „Транспорт за Лондон“ постави златна круна на врвот на познатото лого на црвениот круг на некои од линиите во градот.

Кралска тоалетна хартија
Во Националниот архив е изложен документ за подготовките за крунисувањето на кралицата Елизабета Втора. од 1953 година изразувајќи ја загриженоста на организаторите за недостатокот на тоалетна хартија во Вестминстерската опатија.

Вкупно се обезбедени „84 хемиски тоалети за жени и 70 за мажи, заедно со 23 писоари“, се наведува во документот и се додава: „Рано на денот на крунисувањето било утврдено дека најголемиот дел од тоалетната хартија исчезнала, па во иднина ќе треба да се преземат посебни чекори за да се спречи“.

Share
Scroll to Top