Кремаста Алфредо паста со пилешко

Кремаста Алфредо паста со пилешко

пред 1 година

Потребни состојки:

400 грама таљатели
600 грама пилешки гради
1 лажица путер или маргарин
оригано
босилек
сол
бибер
магдонос
пармезан

За сосот

2 лажици путер или маргарин
4 чешниња лук
3 лажици брашно
450 милилитри млеко
оригано
босилек
пармезан
сол
бибер

Начин на подготовка:

Сварете ги тестенините според упатствата на кесата. Стопете го путерот на средна температура, па додајте ги исечканите пилешки гради. Зачинете ги со сол, бибер, оригано и босилек. Пржете 8-10 минути додека пилешкото не биде готово. Извадете го од тавчето. Во истото тавче направете го сосот. Повторно ставете путер, па додајте иситнет лук. Пржете додека не омекне. Додајте половина од брашното, измешајте, па додајте ја и другата половина. Постепено додавајте млеко со постојано мешање додека не почне сосот да се згуснува. Додајте сол, бибер, оригано и босилек, па измешајте. Ставете пармезан и мешајте додека не се стопи. Прелејте ги сварените макарони со сосот, додајте го пилешкото и добро промешајте. Наросете со магдонос и пармезан и послужете ги топли.

Share
Scroll to Top