Бритни Спирс ѝ рече на Кристина Агилера дека е дебела, па оваа ја избриша од „Инстаграм“, пренесе Page Six. Бритни во понеделникот објави подолг текст во кој ја навреди нејзината колешка и некогашна пријателка, по што оваа ја избриша од социјалните мрежи.
„Ако бев танчер на Кристина Агилера ќе изгледав многу мал. Открив дека постои еден начин за да изгледам слабо. Само треба да се дружам со дебели луѓе“, напиша Бритни, цитирајќи го Родни Дангерфилд, па веднаш наиде на критики од нејзините фанови.
„Не е вистински потег да ги посрамотуваш другите. Нема потреба да омаловажиш друга жена за да се почувствуваш подобро во врска со себе. Фокусирај се на себе и своето лечење“, ѝ напишаа тие. Иако Бритни подоцна се извини, сепак Агилера ја избриша од „Инстаграм“.