Кристијано Роналдо: Момчето со крупни очи од Мадеира кому акните и забите му го грдеа лицето

Кристијано Роналдо: Момчето со крупни очи од Мадеира кому акните и забите му го грдеа лицето

пред 4 години

Денес е еден од најдобрите спортисти на светот. Кристијано Роналдо, или момчето со крупни очи  од Мадеира, како што го нарекувле, бил дете кое ужива да ги поминува детските денови на улиците на островот. Омилената игра му било да бркаат автомобили трчајќи со другарите.

Кога имал 14 години соиграчите во Спортинг Лисабон го нарекувале „И-ти“ или детето вонземјанин. Уште тогаш бил фантастичен додека играл фудбал. Посветено работел и останувал да вежба долго после тренинзите.  Во тинејџерските години, како речиси секое момче, мака мачел со акните. Носел и фиксна протеза за исправување и подобрување на забите.

“Момчето со крупни очи од Мадеира кому акните и забите му го грдеа лицето“, пишуваа за него медиумите на почетокот од неговата кариера.

Години подоцна, Роналдо важи за еден од најдобро облечените и средени мажи – секогаш дотеран, со совршено бели заби и топ фризура.

Share
Scroll to Top