Комичарот Крис Рок собра повеќе од 100.000 лајкови на првата фотографија која ја објави ја „Инстаграм“ по скандалот на 93 Оскари, на кои Вил Смит му удри шлаканица.
Инцидентот настана откако Рок кажа неумесна шега на сметка на неговата сопруга Џејд Пикнет Смит и нејзината избричена глава. Тој ја спореди со Деми Мур, која исто така беше со избричена глава во филмот „Џи-ај Џејн“.

„Со тебе сме. Се надеваме дека си добар. Веројатно сега нема да навредиш нечија жена. Очекуваме од тебе наскоро шоу толку добро како шамарот на Оскарите“, му напишаа тие на неговата фотографија на која тој ја промовираше својата светска турнеја под името Ego Death.
Рок ги најави своите три последователни настапи во Париз. Тој на своите претходни настапи рече дека бил добар и дека нема да зборува за инцидентот сè додека не биде добро платен.

„Животот е добар. Ми се врати слухот“, им рече Рок на фановите.
За потсетување, Филмската академија го казни Вил Смит за инцидентот и нема да му дозволи во наредните 10 години тој да биде дел од Оскарите.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
(Видео) Ве носиме на Теа Таировиќ – со три чекори до гратиси!
Хороскоп за 15 март: можност за унапредување на работа за лавот, флерт за ракот
Опасен предизвик се шири на „Тик-ток“, десетгодишно девојче заврши во болница
Хороскоп за 21 јули: бикот размислува за патување, ракот ќе се справи со љубоморни колеги
Масовен собир на Бубамара: Журка за сите, а можеа да дојдат и оние со корона

