Крис Џенер сексуално го вознемирувала својот телохранител, кој ја молел да престане

Крис Џенер сексуално го вознемирувала својот телохранител, кој ја молел да престане

пред 5 години

Поранешниот телохранител на Крис Џенер, Марк Меквилијамс ја тужи ријалити ѕвездата и мајката на популарните сестри Кардашијан – Џенер за сексуално вознемирување додека работел за нив.

Марк во тужбата тврди дека Крис го навела на секс додека тој работел како нејзин телохранител во 2017 година. Покрај тужбата за сексуално вознемирување, Крис е обвинета и за токсична работна атмосфера, расна и родова дискриминација.

По овие обвинувања за јавноста се огласил и адвокатот на Џенер. „Крис Џенер ги отфрла сите обвинувања, кои се целосно неосновани“, изјавил тој за медиумите.

Според судските записи, Крис го допирала Меквилијамс насекаде по телото, и не престанала да го прави тоа дури и откако телохранителот ја замолил да престане. Марк се пожалил на својот шеф кој потоа го отстранил од позицијата телохранител на Крис Џенер и го префрлил да работи во куќата на нејзината ќерка Кортни. Но, сексуалното вознемирување, според неговата изјава, продолжило и во нејзината куќа.

Share
Scroll to Top