Култната кожена јакна на Мајкл Џексон ќе се продава за 400.000 фунти на аукција

Култната кожена јакна на Мајкл Џексон ќе се продава за 400.000 фунти на аукција

пред 7 месеци

Култната јакна што некогаш ја носеше поп-ѕвездата Мајкл Џексон треба да се најде на аукција во Лондон во ноември, објави Би-Би-Си.

Џексон ја носеше јакната во реклама на Пепси во 1984 година и е меѓу повеќе од 200 предмети за продажба. Црно-белата кожна јакна, направена по нарачка за Џексон за рекламата, вреди меѓу 200.000 и 400.000 фунти. Тоа е прва во серијата реклами за безалкохолен пијалок со суперѕвезда.

Рекламите денес најдобро се паметат затоа што на едно снимање на Џексон му се запалила косата и тој се здобил со изгореници по проблем со пиротехника. Но, во таа прилика тој беше облечен во поинаква јакна.

Предметот ќе биде продаден на аукција од продавачот на костими и реквизити Propstore, заедно со јакната La Rocka на Џорџ Мајкл, која ја носел додека пеел дует со Арета Френклин во 1987 година.

Достапно за купување на аукцијата ќе биде и штипката за коса во облик на пчела што ја користеше Ејми Вајнхаус во 2007 година за спотот за You Know I’m No Good, песна од нејзиниот последен албум Back To Black.

Други сувенири што се на продажба вклучуваат предмети поврзани со Дејвид Боуви, Елвис Присли и Битлси.

Гитарата Гибсон што му припаѓала на Ангус Јанг од AC/DC би можела да достигне цена од 120.000 фунти, додека токата на ременот што му припаѓала на Џон Ленон се проценува на 60.000 фунти.

 

Share
Scroll to Top