Кумановката Анастасија Павличек е најубавата тинејџерка на Мис Тин Галакси во Бугарија

Кумановката Анастасија Павличек е најубавата тинејџерка на Мис Тин Галакси во Бугарија

пред 1 година

Македонската престапничка Анастасија Павличек е новата Мис Тин Галакси 2023 (Miss Teen Galaxy 2023). Викендов во Банско, Бугарија, се одржа изборот за убавина за деца и тинејџери Little Miss&Mister Galaxy и Miss&Mister Teen Galaxy 2023.

Во конкуренција на тинејџерки од 15 до 18 години нашата држава ја претставуваше 17. годишната Анастасија Павличек од Куманово која направи голем успех освојувајќи ја титулата во конкуренција на претставнички од целиот свет.

Анастасија е членка на модното студио „Црнокрак“, кое веќе 10 години ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и кое беше поддршка на Анастасија во Банско. Во жири комисијата меѓу останатите национални директори и познати личности беше и Светлана Црнокрак, како и малата Нина Црнокрак, која беше победничка на ланскиот избор за Мала Мис Галакси. Анастасија во финалето се претстави во модели на Луме Дизајн, специјално изработени за оваа прилика, додека малата Нина Црнокрак носеше модел на М Кутур (M Couture).

 

 

Share
Scroll to Top