Купила пилешко месо од продавница, но кога го донела дома се згрозила

Купила пилешко месо од продавница, но кога го донела дома се згрозила

пред 2 години

Белграѓанката К.А. во еден маркет во Ѕвездара, купила килограм пилешко филе, а кога почнала да го подготвува, забелажала дека и го продале расипано.

„Секогаш сум внимателна кога купувам пилешко месо, затоа што знам дека брзо може да се расипе. Го прашав продавачот дали месото е свежо, а тој ме убедуваше дека е, па земав еден килограм. Ова месо е поскапо од свинското, па за еден килограм платив околу 820 динари“, рече жената и додаде.

„Кога стигнав дома не можев одма да го подготвам, па го ставив во фрижидер. По два часа земав да подготвам ручек. Ги средив сите работи и ми остсана само месото. Кога ја отворив ќесата почувствував смрдеа. Се згрозив“, рече таа и додаде дека забележала како месото ја променило и бојата.

„Ужасно смрдеше што ми дојде да повратам. Кога стигнав дома ја фрлив сметката и не можев да отидам да го вратам, но при купувањето, особено пилешко месо, секогаш треба да отворите четири очи и добро да ја видите бојата. Доколку не изгледа свежо, не го земајте. Не знам како е можно, но за два до три часа колку што беше во фрижидерот, буквално се засмрде“, вели жената.

 

Share
Scroll to Top