Куче кое го чисти снегот ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи, собра милиони прегледи

Куче кое го чисти снегот ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи, собра милиони прегледи

пред 1 година

Корисничка на „Тик-ток“, сподели вирално видео на својот профил на кое се гледа нејзиниот германски овчар како чисти снег.

Видеото го погледнале повеќе од девет милиони луѓе, кои оставиле над еден милион лајкови.

На видеото германскиот овчар како игра во дворот и ја турка лопатата за снег, како да се обидува да го исчисти снегот.

Иако играта со лопатата беше во преден план, германскиот овчар барем малку им помогна на своите сопственици.

„Ги гледам овие паметни работни кучиња, додека моето куче ги лиже прозорците“, „Нашиот германски овчар смртно се плаши од лопати“, „Каде можам да купам вакво куче?“, „Тој ги заслужува сите почести по тешката работа“, се само дел од коментарите на објавата.

Share
Scroll to Top