„Куќата на змејот“ доби втора сезона, откако со првата епизода ги урна рекордите на гледаност

„Куќата на змејот“ доби втора сезона, откако со првата епизода ги урна рекордите на гледаност

пред 2 години

Долгоочекуваната приквел серија на „Игра на тронови“, „Куќата на змејот“, доби втора сезона по само една епизода. Најновата серија на „Ејч-би-о“ до сега има само две епизоди, но тие ги срушија рекордите на гледаност, а втората епизода е уште погледана од првата.

dobivaj vesti na viber

Заснована врз книгата на Џорџ Р. Р. Мартин „Оган и крв“, серијата се случува 200 години пред настаните во „Игра на тронови“ и се фокусира на семејството Таргаријан.

„Ејч-би-о“ објави дека гледаноста на втората епизода била поголема за 2% во однос на премиерата, која ги урна рекордите на оваа ТВ-мрежа. Оваа епизода привлекла 10,2 милиони гледачи, додека 9,986 милиони ја гледале првата епизода, која за една недела собрала речиси 25 милиони прегледи.

Фановите се воодушевени од серијата, а единствената замерка е на изгледот на змејовите, за кои, велат. очекувале дека ќе бидат пограндиозни.

Share
Scroll to Top