Цеца Ражнатовиќ во гостување во емисијата „Sve u 16“ се присети на анегдота со бившиот дечко Владимир Цветковиќ Цвеле, со кого била во врска во 2010 година.
„Ми велеше дека куќата ми е скапа за одржување и дека треба да се преселиме во помал стан. Ми правеше пресметки за трошоци, а јас само му реков: ‘Пријателе, тргни ми се, ниту ти плаќаш ниту ти треба да се грижиш за тоа’“, изјави пејачката низ смеа.
Цеца додаде дека токму поради вакви ситуации врската не траела долго.





