Лажен профил на Тик-Ток го изнервира Џамбазов: Полнолетен глупак, имаш 24 часа да престанеш да бидеш јас

Лажен профил на Тик-Ток го изнервира Џамбазов: Полнолетен глупак, имаш 24 часа да престанеш да бидеш јас

пред 2 години

Актерот и шоумен Игор Џамбазов заврши на Тик -Ток дури со два лажни профили. Лажниот Џамбазов на едниот профил има 6.839 следбеници, на другиот пак над 500. Веста за лажниот профил ја објави актерот и побара кој и да се преправа и да објавува и комуницира во негово име, за 24 часа да го избрише профилот.

“Ти, што се претставуваш во мое име, објавуваш во мое име, комуницираш во мое име, тебе ти се обраќам. Ако си некое размазено детиште, набргу ќе ти ја земам играчката, а татко ти ќе плати казна. Ако си полнолетен глупак, пак ќе ти ја земам играчката, ама сам ќе си ја платиш казната. Кој и да си, имаш 24 часа да престанеш да бидеш јас. Тоа никогаш не можеш да бидеш…П.С. Уше тик-ток ми фали“, рече Џамбазов.

Share
Scroll to Top