Леброн Џејмс бара правда за убиството на неговата пријателка

Леброн Џејмс бара правда за убиството на неговата пријателка

пред 4 години

НБА ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, јавно побара од жителите во неговиот роден град Акрон, да помогнат во пронаоѓањето на убиецот на неговата пријателка 37 годишната Ерика Вимс. Станува збор за сестрата на Брендон Вимс, кој важи за голем пријател на Леброн.

Ерика била убиена минатиот викенд.Таа била пронајдена мртва во нејзината спална соба, а полицијата пренесе дека била застрелана во глава.

Откако било истражено местото на злосторот, потврдено е дека станува збор за убиство, поради што Лебро брзо се јавил за да помогне.

„Сестрата на мојот пријател е убиена во нејзиниот сопствен дом. Неговото семејство треба да одговори зошто е убиена и кој точно тоа го сторил. Затоа граѓани мои, ве замолувам заедно да откриеме кој ја направил оваа грозна и одвратна работа на таков анѓел“, напишал Џејмс на „Твитер“.

Брендон во интервју за News 5 Cleveland изјавил дека многу му недостасува неговата сестра.

„Таа беше добра кон сите, сите ги сакаше. Го имаше најголемото срце. Ужасно ќе ми недостига“, изјавил Брендон.

Во акцијата за пронаоѓањето на правдата, покрај Леброн, се вклучија многу луѓе. Установата Crime Stoppers дури и понуди награда од 5000 долари, за какви било информации.

Share
Scroll to Top