Леброн Џејмс синоќа постигна 35 поени и стана втор играч во историјата на НБА лигата кој постигнал повеќе од 38.000 кошеви. Со бројката оф 38.024 коша, тој се приближува кон рекордот на Карим Абдул-Џабар кој постигна 38.387 кошеви во кариерата.
Рекордот на Џабар е од 5 април 1984 година. Џејмс, пак, ја игра својата 20. сезона во НБА и сега му недостигаат само уште 363 поени за да го надмине легендарниот Џабар.
Леброн има просек од 29,2 поена по натпревар, со што се предвидува дека ќе треба да одигра уште 13 утакмици за да стане новиот најдобар стрелец во историјата на НБА. Тоа најверојатно ќе се случи на почетокот на февруари, на натпреварот на ЛА Лејкерс со Милвоки.