Ледениот хотел во Шведска се отвори 32. пат, првпат има цвеќиња и кралски апартман

Ледениот хотел во Шведска се отвори 32. пат, првпат има цвеќиња и кралски апартман

пред 2 години

Во Шведска по 32. пат се отвори ледениот хотел, сместен 200 километри северно од Арктичкиот Круг. Оваа година првпат има и кралски апартман, кој го дизајнираше шведскиот принц Карл Филип. Апартманот наречен „Сон на летната ноќ“, содржи цвеќиња и растенија затворени во ледени блокови.

Синот на шведскиот крал Карл Густаф и кралицата Силвија е меѓу 27 дизајнери и уметници од цел свет кои го креираа најновото издание на хотелот. Ледениот хотел има 12 уметнички апартмани, 24 ледени соби и церемонијална сала.

„Ајсхотел“ го основа Ингве Бергквист во 1989 и оттогаш, секоја зима одново се гради, а потоа како ќе затопли, се топи.

Хотелот, кој беше отворен на 10 декември, оваа година се градеше шест недели. За неговата изградба биле искористени 25.000 кубици мраз и снег од реката Тоне, што е еднакво на големината на десет олимписки базени. Во хотелот има и лустери кои содржат 200 рачно изработени ледени кристали. „Ајсхотел“ ќе биде отворен до април догодина.

Share
Scroll to Top