Лекари ги труеле пациентите за да им вградат користени пејсмејкери извадени од тела на починати

Лекари ги труеле пациентите за да им вградат користени пејсмејкери извадени од тела на починати

пред 1 година

Романскиот здравствен систем го потресе несекојдневен скандал, откако е откриено дека некои лекари на пациентите им ставале пејсмејкери кои ги ваделе од тела на починати луѓе. Полицијата во моментов прави претрес во две болници и во неколку приватни ординации.

Според неофицијални информации влегле и во болница во Брашово.

Од обвинителството соопштија дека еден од лекарите почнал со оваа пракса уште во 2017 година и за пет години извршил повеќе операции и вградил повеќе од 200 пејсмејкери кои претходно биле користени. Извор од истрагата рече дека постои сомнеж дека лекарите на поедини пациенти им давале лекови за да им ја влошат здравствената состојба за да на крајот мора да им биде вграден пејсмејкер.

Се верува дека околу 170 лица добиле половен пејсмејкер, а дека два од пациентите починале. Лекарите за овој потфат земале голема количина пари и се теретат за примање мито, измама, фалсификување и несовесна работа. Медиумите пренесоа дека еден од осомничените лекари со парите изградил викендица на брег покрај езеро.

Покрај болниците и приватните ординации, полицијата направила претрес и во куќите на осомничените. Во таа прилика биле зепленети голема количина пари. Инспекторите се обидуваат да откријат како точно е спроведен планот на лекарите кои свесно ги загрозиле животите на голем број пациенти.

Наводно пациентите кои доаѓале кај нив на лечење, од нивните ординации излегувале поболни. Се сомневаат дека осомничените на пациентите им препишувале лекови од кои состојбата им се влошила. Во прашање се лекови кои ја забавуваат работата на срцето.

Откако пациентите се пожалиле дека се чувствуваат полошо, осомничените ги советувале да вградат пејсмејкери и дефибрилатор. Приказната станала хорор кога се дознало дека им вградуваат половни кардиолошки уреди, кои ги извадиле од телата на починати лица.

Лекарите доаѓале до парите на два начина. Или пациентите самите им давале мито за да дојдат до пејсмејкер, убедени дека се на чекор до смртта, или од буџетот се издвојувани пари за фиктивни фактури. Цената на нов пејсмејкер изнесува и по неколку илјади евра, а на дефибрилатор и до 20.000 евра.

Романските медиуми пренесоа дека инспекторите се сомневаат дека и вештаците некако биле вмешани во овој скандал. Извори од обвинителството наведуваат дека уредите ги земале исклучиво од телата на луѓе кои починале од насилна смрт.

Телата на убиените главно се испраќаат на обдукција и можно е да се извади нешто од нив, а да не се остави некаков сомнеж. Се претпоставува дека измамени се најмалку 170 пациенти, од кои двајца се починати. Според европските закони, строго е забрането повторно користење на дефибрилатор и пејсмејкер.

„Кога срцето има помалку од 40 откуцувања во минута, потребна е кардио стимулација. За дефибрилатор работите се малку поинакви, тој емитува електронски импулс кој го тера срцете да направи ресет“, рече кардиологот доктор Анреди Манта.

Еден од лекарите кои се наоѓа под истрага, работи во најголемата болница во Романија. Тој претходно бил под истрага и се сомничел дека во 2011 година барал од пациентите мито за да им направи ангиографија. Полицијата проверува дали изградил викендица од парите кои ги земал од пациентите.

Романските медиуми пренесоа дека полицијата ги проверува документите за да дознае кој и како изградил куќи на брегот покрај езеро, во заштитено подрачје, каде градежните работи се недозволени. Градоначалникот на Мовилениј, каде е изградена спорната куќа, тврди дека не е издадена никаква дозвола за градба. Осомничениот лекар во меѓувреме е приведен и одреден му е притвор до 24 часа.

Побарано е и продолжување на притворот до 30 дена.

„Од до сега спроведените докази во предметот, произлегува дека обвинетиот организирал мрежа од медицински персонал, кој му давал импантабилни кардио-уреди, кои биле извадени од починати пациенти, без почитување на законските одредби и без претходна согласност на лицето пред да почине, ниту пак од негови роднини.

„Подоцна извршил медицински процедури за реимплантација на овие апарати без да ги регистрира во болницата во отсуство на документи за потекло и следствено, без да помине низ внатрешниот процедурален тек, немало известување од Министерството за здравство за усогласеноста, ниту потврда, ниту документ за завршени постапки за стерилизација“, тврдат обвинителите.

Share
Scroll to Top