Лековитоста на јаворовиот сируп - Reporter.mk

Лековитоста на јаворовиот сируп – Reporter.mk

пред 4 години

Иако неодамна ја открија лековитоста на јаворовиот сируп, сепак северноамериканските Индијанци уште одамна го користеле како лек.

Овој додаток во исхраната има пријатен и сладок вкус, со кафеава нијанса и средна густина, може да се користи и како природен засладувач.

Сирупот се добива од кората на јаворовото дрво, а наменет е првенствено за чистење и детоксикација на организмот.

Со употребата на јаворовиот сируп се смалуваат ризиците од појавување на разни болести, токму поради неговиот лековит и хранлив состав. Содржи антиканцерогени, антибактериски и антидијабетски својства, а исто така се користи и за лечење на бројни болести како болести на срцето, дијабетес, поединечни видови рак итн.

100 грама сируп содржи 64% јаглехидрати; 0,4% масти; 0,1% белковини; 0,6 минерали, а калориската вредност му е 275 kCal. Овој состав на хранливи супстанци го прави поздрав од медот и други слични засладувачи. Спојте го овој природен и лековит сируп во својата секојдневна исхрана за да бидете уште поздрави и да го зачувате организмот.

Share
Scroll to Top