Лек за несигурност за време на сексот

Лек за несигурност за време на сексот

пред 4 години

Сосема е нормално понекогаш во текот на водењето љубов да почувствувате несигурност кои ве спречуваат да продолжите да уживате во интимниот однос со својот партнер. Тоа може да биде поради тоа што не ви се допаѓа како изгледате, или можеби сте направиле некој смотан чекор, а се случуваат и ситуации од некоја причина каде не сте во состојба доволно да се возбудите, но и оние кога прерано доживувате оргазам.

Сето тоа се непријатни моменти кои можат да ви го упропастат расположението и да ви оневозможи да продолжите да уживате во сексуалниот однос со вашиот партнер. Дали тоа значи дека треба да се откажете, да го сопрете односот, или во најлош случај, очајни да излезете од собата? Па, не е нужно.

Психолозите предлагаат да пробате да се расположите и да си ја поткренете самодовербата сами на себе со помош на хумор. На пример, доколку во текот на предиграта на момент се чувствувате непријатно и не знаете како да се опуштите, направете на брзина шега, макар и на своја сметка, и тоа донекаде ќе ве расположи. Тоа исто така ќе ја спушти тензијата измеѓу вас и вашиот партнер и ќе ви овозможи значително поопуштени да влезете во подлабоко истражување на сексуалното уживање.

Доколку ниту хуморот не ви помогне да се релаксирате во кревет и доволно не се возбудите за да продолжите со сексуалниот однос, не очајувајте. Комуникацијата која сте ја остварувате со својот партнер во ваквите моменти дополнително ќе ве приближи и ќе ви помогне следниот пат да бидете помалку несигурни во креветот со вашите сакани.

Запомнете, што и да се случи во текот на сексуалниот однос, не чувствувајте срам поради тоа, затоа што не сте ни прва, ни последна која имала такво искуство.

Share
Scroll to Top