Состојки:
100 гр овесни снегулки, 4 лажици пченично брашно, 100 гр кикирики, 1 лажичка цимет, 1 лажичка прашок за пециво, јогурт и малку масло, колку да се замеси тестото и темно чоколадо за декорација.
Подготовка:
Сомелете ги овесните снегулки додека не добиете текстура слична на брашното. Направете го истото со кикиритките. Во сад ставете ги состојките кои претходно сте ги исецкале, брашното, прашокот за пециво, циметот, и убаво измешајте. Додадете го јогуртот и маслото. За овие две состојки нема прецизна мерка, важно е само да добиете густа маса погодна за формирање на бисквити. Подгответе плех, покријте го со тенок слој масло, земете мали количини од смесата и од него формирајте бисквити. Ставете го плехот во рерна, прво печете на пониска температура, а потоа зголемете ја температурата. Самите ќе забележите кога се готови. Украсете ги бисквитите со темно чоколадо стопено на пареа.