Лејди Гага и Бред Пит заедно во акционен трилер

Лејди Гага и Бред Пит заедно во акционен трилер

пред 3 години

Оскаровката Лејди Гага му се приклучи на нејзиниот колега Бред Пит, во акциониот трилер Bullet Train на Дејвид Лич, режисерот кои работеше на филмовите „Дедпул2“, „Атомска русокоса“, „Џон Вик“ и многу други, пренесува Collider.

Покрај нив, во филмот ќе се појават и Џои Кинг, Арон Тејлор Џонсон, Зази Битс, Брајан Тајри Хенри, Ендру Коџи, Маси Ока и Мајкл Шенон.

Станува збор за приказна за група на платени убијци, со спротивставени мотиви во воз во Токио.Засега е непознато дали Гага ќе го толкува еден од убијците, но извор запознат со деталите, напоменува дека таа ќе биде дел од филмот, но, нема да ја игра главната улога.

Лејди Гага за филмот „Ѕвездата се роди“, заработи Оскар за најдобра оригинална песна, како и номинација за најдобра глумица.

За филмот на Ридли Скот, „Гучи“, во кој Гага исто така глуми, публиката ќе почека извесно време. Покрај Гага, во овој филм ќе глумат и Роберт де Ниро, Ал Пачино, Џаред Лето и Адам Драјвер.

Share
Scroll to Top