Линдзи Лохан се омажи за бизнисменот Бадер Шамас кој е од Дубаи. 36-годишната актерка објави фотографија со Шамас, а во описот на сликата го нарече сопруг.
“Јас сум најсреќната жена на светот. Ме најде и знаеше дека сакам да најдам среќа и благодат, сето тоа во исто време. Многу сум среќна што си мој сопруг”, напиша Линдзи. И додаде: „Мојот живот и моето сѐ. Секоја жена треба да се чувствува вака секој ден“.
Двојката уште во ноември ја објави свршувачката. Тогаш бизнисменот на Линдзи и подари свршенички прстен од светски позната компанија за накит, за кој странските медиуми објавија дека чини 250.000 долари.