Личните работи на Карл Лагерфелд, кој беше еден од најуспешните и најпрепзнатливи дизајнери на сите времиња, ќе се најдат на аукција. Славниот дизајнер, кој почина пред две години, беше познат и обожаван по својата уникатна и специфична работа.
Неговите креации сè уште се обожавани од голем број жени и мажи. Аукциската куќа Sotheby’s најави распродажба на голем број негови предмети што ги чувал во осумте стана во кои престојувал.
Лагерфелд беше препознатлив по ракавиците, без кои не излегувал од дома, а сега обожавателите на располагање имаат повеќе од 200 чифта негови ракавици, кои ќе може да ги купат.
Освен тоа, на аукцијата ќе има и уметнички дела што дизајнерот ги собирал, како што се трудовите на Џеф Кунс и Марк Њусон, како и облеката што ја носел. На продажба ќе се најде и приборот за неговата мачка, која исто така ја има во тестаментот како дел од неговиот имот.
На продажба ќе се најдат и садовите од кои јаделе неговите миленици. Обожавателите ќе може да ја купат и неговата постелнина, куферите, трите автомобили, а најголемата заработка се очекува од продажбата на неговиот портрет, кој го потпишува Такаши Мураками.
Како што најавуваат продавачите, цената нема да биде помала од 135.000 евра. Аукцијата ќе се одржи во Монако од 3 до 5 декември и во Париз од 14 до 16 декември.