Лори Лохлин е пуштена од затвор

Лори Лохлин е пуштена од затвор

пред 3 години

Американската глумица Лори Лохлин, позната по нејзината улога во серијата „Полна куќа“, излезе од затвор по два месеци служење на казната.

56. годишната глумица и нејзиниот сопруг, дизајнерот Мосимо Џанули, завршија зад решетки поради измамата и митото кое го дале за да ги запишат нејзините две ќерки на престижен факултет, пишува „Мирор“.

Лори казната почна да ја служи на 30. октомври, во сојузниот затвор во Даблин во близина на Сан Франциско. Таа и сопругот беа меѓу 50 луѓе осудени за измама и давање мито. Двајцата ја признаа вината, односно признале дека платиле дури 500.000 долари за да нивните две ќерки бидат примени на Универзитетот Северна Каролина, како членки на веслачкиот тим.

Сопругот на Лорин добил поголема казна од глумицата, која освен два месеци затвор, морала да одработи и сто часови општествена корисна работа. Таа ќе биде под постојан надзор во наредните две години.

Мосимо добил пет месеци затвор и казна од 250.000 долари и да одработи 250 часа општествено корисна работа. Тој казната почна да ја извршува нешто подоцна на 19. ноември, во затвор во близина на Санта Барбара.

Во истиот затвор како и Лори и поради истата измама, се најде и 58. годишната глумица Фелисити Хофман, ѕвездата од „Очајни домаќинки“. Таа е пуштена на слобода минатиот ноември, откако одлежа 11 дена и две недели од казната.

Американските медиуми пишуваат дека Лори пред да излезе од затвор, две недели поминала во карантин.

„Последните две недели ги помина во изолација, што беше особено тешко, но е благодарна што целата работа завршила. Дојде до пробив на короната во затворот и поради тоа мораше да бидат превземени мерки, кои не беа дел од казната“, открил извор близок до глумицата.

Share
Scroll to Top