Луѓето ми се чудеа зошто снимам песна со Тоше: Тони Цетински раскажа за дуетот со македонскиот пејач

Луѓето ми се чудеа зошто снимам песна со Тоше: Тони Цетински раскажа за дуетот со македонскиот пејач

пред 2 години

Хрватскиот пејач Тони Цетински во најновото интервју прозборе за дуетот што во 2005 година го сними со Тоше Проески. Тој, како и многу пати претходно кажа дека со Тоше биле добри пријатели.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да им помагам на помладите. Јас го немам тоа его и проблем дека некој ми е закана со својата младост или талент. Тоа беше најактуелно прашање кога ја снимив дуетска песна со Тоше Проески. Некои се прашуваа како и зошто. Зошто не би направил дует со некој што убаво го пее. А потоа таа соработка прерасна во пријателство што траеше до неговата смрт“, вели Цетински.

Тони во интервјуто додал и дека отсекогаш сакал да соработува со помлади музичари и дека не е суетен човек.

„Ваквиот начин на размислување е старомоден. Некои стари пејачи се држат до тие принципи и внимаваат некои помлади да не ги покријат со своето пеење. Тоа ми е туѓо, јас не знам да функционирам така“, рекол Цетински.

Share
Scroll to Top