Луѓето шокирани од изгледот на Тори Спелинг: „Премногу операции“

Луѓето шокирани од изгледот на Тори Спелинг: „Премногу операции“

пред 1 месец

Тори Спелинг (51) која ја толкуваше улогата на Дона Мартин во серијата Беверли Хилс 90210, сподели нова фотографија на Инстаграм и ги изненади следбениците. Тори има направено голем број пластични операции низ годините.

Така, нејзината прва операција се случила кога имала само 16 години, кога го корегирала носот.

Подоцна признала дека ги зголемила градите и усните, а со текот на времето се шпекулираше за дополнителни процедури, вклучително и употреба на ботокс и филери.

Изминатиов викенд, Тори привлече големо внимание на настанот „The Hollywood Show“, каде потпишуваше автограми и се дружеше со обожавателите заедно со нејзините колеги Брајан Остин Грин и Иан Зиринг. Таа позираше во фармерки и топ, но токму нејзиното лице привлече најголемо внимание. Многумина го забележале и нејзиното слабеење. „Тори изгледа страшно“, „Не сакам да критикувам, но изгледа нездраво“, „Премногу пластични операции“, се само дел од коментарите.

Што се однесува до нејзината фигура, таа во јули призна дека користела лекови за дијабетес за да ослабе, што лекарите вообичаено не го препорачуваат. Таа се осврна и на деформацијата на градниот кош што предизвика вдлабнатина во пределот на дојката.

Share
Scroll to Top