Луѓе блиски до Арон Картер не веруваат дека се удавил, непосредно по несреќата виделе двајца мажи како излегуваат од неговата куќа

Луѓе блиски до Арон Картер не веруваат дека се удавил, непосредно по несреќата виделе двајца мажи како излегуваат од неговата куќа

пред 1 година

Поранешниот публицист на Арон Картер, Кели К. не верува дека пејачот се самоубил и им се приклучи на луѓето кои беа блиски до него и кои ги истражуваат причините за неговата смрт. Полицијата го најде Картер мртов во неговиот дом, во када полна со вода.

„Сакаме случајот конечно да биде затворен за да можеме да можеме достојно го испратиме да се одмори“, рече Кели за „Пејџ Сикс“.

Кели беше со Картер до неговата смрт на 5 ноември 2022 година. Арон имаше 34 години, а Кели се сомнева дека неговата смрт е поврзана со некаква валкана игра.

„Знаеме дека две лица биле во неговата куќа пред неговата смрт и збунети сме зошто не беа идентификувани и истражени“, рече Кели.

„Не знаеме кои се тие, ама видени се како го напуштаат домот на Арон непосредно пред неговата смрт. Ги забележала сосетката. Тоа требаше да биде истражено од полицијата“, рече Кели.

Полицијата пак го тврди спротивното.

„До денес немаше докази за неправилности во истрагата. Резултатите од обдукцијата на Картер сè уште се чекаат. Истрагата сè уште е во тек“, велат од таму.

По медицинскиот преглед на округот Лос Анџелес е направен извештај кој е објавен во вторникот. Во него се вели дека Арон починал од давење и ефект на дифлуороетан, запалив гас кој често се користи како погонско гориво во канистри со компримиран воздух и алпразолам, генеричка форма на Xanax.

Полицијата, наводно, пронашла повеќе конзерви со компримиран воздух во неговата бања во моментот на неговата смрт, што само ги поддржало наодите од извештајот од обдукцијата. Сепак, неговата свршеница Мелани Мартин, е убедена дека во смртта на пејачот се вмешани и други луѓе.

Таа беше првата која го доведе во прашање тврдењето дека Картер се удавил.

„Додека беше во кадата на себе имаше маица и ланче. Тоа нема смисла. Зошто би влегол во кадата со облека? Тоа не можам да го разберам“, рече Мелани.

Share
Scroll to Top