Модниот бренд „Луј Витон“ ја промовираше машката чанта во облик на авион која чини 39.000 долари. Нејзиниот дизајнер е креативниот директор на луксузниот моден бренд, Вирџил Абло.
Оваа необична чанта од „Луј Витон“ веќе е во продажба. Таа е дел од колекцијата есен-зима 2021/22, а првпат беше претставена во јануари на ревија во Париз.
„За тие пари може да се купи вистински авион“, e еден од коментарите на социјалните мрежи, каде што многумина ја исмеваат цената на чантата.
Американските медиуми пишуваат дека чантата чини колку половина од годишната плата на воен пилот. Чантата е инспирирана од американскиот воен транспортен авион „Ц-130-Херкулес“.