Рибарот Ромуалдо Родригез успеал да преживее 11 дена на отворено море, затоа што се качил на превртен замрзнувач. Овој Бразилец пловел покрај брегот на Француска Гвајана во дрвен чамец, кога одеднаш водатта почнала да влегува во неговиот брод и набрзо потонал, пренесува “Mirror”.
За ситуацијата да биде уште полоша, Родригез не знае да плива, ама спас му донел замрзнувачот кој го имал на бродот на кој минал 11 дена без храна и вода. Посла тоа кај брегот на Суринам го забележал екипаж на друг брод кој го извлекол од водата.
Во разговор со новинарите открил дека мислел дека ќе го нападнат ајкули, бидејќи бил на отворено море
O pescador Romualdo Macedo Rodrigues, de 44 anos, viveu um drama recente. Ele naufragou e ficou 11 dias à deriva no Oceano Atlântico boiando dentro de um freezer. Tudo terminou bem. Ele iria de Oiapoque para a Ilha dos Macacos, na Guiana Francesa. pic.twitter.com/alOcRhjxS6
— Amoreca Original (@alynekaiser) August 30, 2022
Открил и како изгледал моментот кога бил спасен.
„Слушнав бука и забележав чамец, но екипажот не знаеше дека сум таму, мислеа дека нема никој. Го губев видот, но успеав да кренам рака и да побарам помош“.
Родригез рекол дека за 11 дена на море изгубил речиси пет килограми, бидејќи немал ни храна ни вода.
„Овој замрзнувач е мојот Бог, моето чудо“, рекол Родригез.