Македонецот Ерол Јакуповски во „Ѕвездите на Гранд“ дојде со пиштол, па Саша Поповиќ му рече да ја напушти сцената

Македонецот Ерол Јакуповски во „Ѕвездите на Гранд“ дојде со пиштол, па Саша Поповиќ му рече да ја напушти сцената

пред 2 години

Пејачот Ерол Јакуповски од Македонија настапи во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Ја испеа „Још је не заборављам“, од Бане Мојичевиќ и за брзо ја освои публиката, но не и жирито кои му забелжаа за настапот. Прва реагираше Цеца, а потоа Саша Поповиќ му рече дека имал лош избор на песни.

„Подобро да не ни го пратеше видеото. Убаво изгледаш и добар беше на пробата, но очекувавме и тука да се покажеш во одлично издание. Ова да ви е за памет на сите да не ги шминкате видеата следниот пат“, му рече Поповиќ, а Снежана Ѓуришиќ и Ѓорѓе Давид кратко рекоа дека не му чинел настапот.

Ерол рече дека по професија е полицаец, па го прашаа дали дошол со пиштол.

„Чим носиш пиштол, би те замолил да ја напуштиш сцената“, му рече Поповиќ.

За потсетување, годинава во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ најмногу натпреварувачи настапија од Македонија, а најдобро се покажа дваесетгодишната Славица Ангелова од Струмица.

Share
Scroll to Top