Македонија на Европското ракометно првенство кое ќе се игра следната година, ќе биде во групата А заедно со светскиот шампион Данска и репрезентаците на Словенија и Црна Гора. Ждрепката се одржа денес во Будимпешта.
Македонија ќе ги игра натпреварите во унгарски Дебрецин. Ова е шести пат во низа за Македонија, која ќе се бори со најдобрите селекции на Стариот континент.
Европското првенство ќе се игра од 13 до 30 јануари.