Македонија во група со светскиот шампион Данска, Словенија и Црна Гора за ЕП 2022

Македонија во група со светскиот шампион Данска, Словенија и Црна Гора на ЕП 2022

пред 3 години

Македонија на Европското ракометно првенство кое ќе се игра следната година, ќе биде во групата А заедно со светскиот шампион Данска и репрезентаците на Словенија и Црна Гора. Ждрепката се одржа денес во Будимпешта.

Македонија ќе ги игра натпреварите во унгарски Дебрецин. Ова е шести пат во низа за Македонија, која ќе се бори со најдобрите селекции на Стариот континент.

Европското првенство ќе се игра од 13 до 30 јануари.

Share
Scroll to Top