Македонија ги доби противниците за пласман на Мундијалот во Катар 2022 година

Македонија ги доби противниците за пласман на Мундијалот во Катар 2022 година

пред 3 години

Македонија денес ги доби противниците на Светското фудбалско првенство, кое во 2022 година ќе се игра во Катар. Македонската репрезентација се најде во групата Ј, заедно со Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

На вечерашната ждребка која се одржа во седиштето на ФИФА. во Цирих, беа одредени десетте групи од европските квалификации за Мундијалот во 2022 година. Од сите репрезентации во нашата група, Македонија, досега немала одиграно натпревар единствено со Германија.

Директен пласман на завршниот турнир ќе обезбедат само победниците во групите, додека десетте второпласирани репрезентации, заедно со уште две, преку УЕФА Лигата на нации, ќе играат плејоф за преостанатите три места резервирани за членките на УЕФА на СП во Катар.

Европските мундијалски квалификации ќе се играат од март до декември 2021 година, додека плејофот од 23 до 29 март 2022 година.

Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година во пет градови, Доха, Лусаил, Ал Кор, Ал Вакра и Ал Рајан.

Share
Scroll to Top